Доколку челниците на фудбалскиот состав Интер се определат да ја прекинат соработката со тренерот, Симеоне Инзаги, тогаш во игра влегуваат неколку имиња, велат информациите од Италија.
Иако првично се споменуваа Де Зерби и Диего Симеоне, сега во преден план се наметнува, Антонио Конте, кој пред неколку денови заработи отказ од Тотенхем.
Доколку се остварат последните прогнози, тоа ќе значи и враќање на Италијанецот во татковината.