Нејмар дефинитивно е надвор од составот на Бразил за следниот натпревар од групната фаза на Мундијалот против Швајцарија, објави медицинскиот тим на Бразил.
Напаѓачот замина со отечен скочен зглоб на претходниот натпревар против Србија во четвртокот (2:0). Тој денеска беше подложен на медицински тестови кои ги потврдија стравувањата дека се работи за истегнување на тетивата на десната нога. Се најавува дека тој ќе биде задржан и нема да игра на третиот меч, кој е против Камерун, за да може целосно да се опорави за евентуалното осминафинале на тимот, кое ќе биде на 5 или 6 декември.
Сепак, сличен проблем со зглобот има и дефанзивецот Данило. Фудбалерот на Јувентус е аут и за следниот натпревар. „Нејмар и Данило беа на прегледи во петокот попладне. Тие се вратија во хотелот и ќе продолжат со опоравувањето со физиотерапија“, се вели во соопштението на федерацијата.