Нејмар и Данило и натаму се опоравуваат од повредите и остануваат под знак прашалник за настап на следните средби на „кариоките“. Денеска ќе стане јасно дали двајцата ќе му бидат на располагање на тренерот Тите за важниот натпревар веќе во осминафиналето. Ова го соопшти лекарот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар.
„Да видиме како ќе биде тестот на двајцата. Уште не тренирале со топка. Тоа ќе го направат денеска. Важно е да се види како ќе реагираат, се зависи од тоа. Знаците од Данило се многу попозитивни. Тој имаше тренинг со топка и се очекува да се приклучи на следниот тренинг на тимот“, изјави бразилскиот лекар.