Бразилскиот фудбалски интернационалец, Нејмар, нема да игра за ПСЖ на денешниот меч со РБ Лајпциг во новата рунда во Лигата на шампионите, потврди тренерот на францускиот состав, Маурисио Покетино.
„Наш приоритет е здравјето на секој фудбалер. Нејмар на крајот на тренингот имаше болки во мускулот и затоа нема ризикуваме “ – вели аргентинскиот тренер.
Во исто време е потврдено дека Мауро Икарди кој деновиве имаше семејни проблеми ќе биде ставен на листата за денешниот меч со РБ Лајпциг.