Нејмар постигна два гола во квалификациите за Мундијалот во 2026 година против Боливија и успеа да го надмине легендарниот Пеле.
Поранешниот играч на Барса и ПСЖ, сега има 79 голови за „кариоките“ или два повеќе од иконата на бразилскиот фудбал – Пеле. Нејмар првиот погодок на мечот со Боливија го постигна во 61. минута а вториот во финишот.
Брзоногиот напаѓач ја предводи листата на која се: Пеле, Роналдо, Ромарио, Зико, Ривалдо, Роналдињо итн.