„Нејмар ќе треба да почека до септември за да дебитира за саудиски Ал Хилал поради повреда“, изјави тренетот на тимот, Хорхе Жесус.
Нејмар минатиот вторник му се приклучи на Ал-Хилал од Пари Сен Жермен со двегодишен договор.
Сепак, тој во моментов има лесна повреда и лекарите не можат точно да одредат кога ќе се врати на терените. Тренерот на Ал Хилал Жесус, исто така, го изрази своето изненадување од вклучувањето на Нејмар во тимот на Бразил за два натпревари од квалификациите за Светското првенство следниот месец, иако тој е повреден.