Селекцијата на Бразил е патник во ¼ финалето на СП во Русија откако во денешниот натпревар ја совлада репрезентацијата на Мексико со 2:0.
Во прворто полувреме Бразил имаше повеќе од играта и неколку шанси , но не успеа да го отвори резултатот и да дојде до предност на оваа средба. Сепак на стартот на вториот дел со голот на Нејмар по асистенција на Вилиан, Бразил поведе со 1:0 во 51.минута од натпреварот.
Во самиот финиш на натпреварот Фирмињо влезе во игра на местото на Кутињо, а по две минути поминати на терен во 88.минута постигна гол за конечните 2:0 на оваа средба.
Бразил во ¼ финалето го очекува победникот од дуелот меѓу Белгија и Јапонија кој сеигра вечерва.