Напаѓачот и играч од средниот ред на Пари Сен Жермен, Нејмар и Марко Верати го пропуштија тренингот на тимот вчера. Ова го објави новинарот Фабрис Хокинс на својот Твитер.
Според изворот, на претходниот тренинг Нејмар добил болен удар во пределот на мускулот. Причината за отсуството на Верати се уште не е позната, но ПСЖ соопшти дека играчот од средниот ред има вирусна инфекција.
Постои опција двајцата играчи да го напуштат ПСЖ во тековниот преоден рок. Според пишувањата на медиумите, Верати веќе договорил трансфер со саудискиот Ал-Хилал, а Нејмар може да замине во шпанска Барселона или лондонски Челзи. Таткото на Бразилецот ги нарече лажни информациите за можното заминување на неговиот син од парискиот тим.