Бразилската ѕвезда Нејмар им пожела успех на француската сензација Килијан Мбапе и на хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ пред утрешното финале на Мундијалот меѓу „Галските петли” и Хрватите.
Мбапе му е соиграч на Нејмар во Пари Сен Жермен додека Бразилецот своевремено играше заедно со Ракитиќ во Барселона.
„Пријатели мои, Мбапе и Ракитиќ, сите знаат колку е тешко е да се стигне до финалето. Многу се радувам за вас двајцата. Пријатно е да ја гледам радоста на вашите сонародници. Не негирам дека би сакал да бидам на ваше место, но, не успеав. Без оглед на исходот, веќе сте шампиони, горд сум што сте мои пријатели” -напиша Нејмар на – „Instagram“.