Поранешните фудбалери на Барселона, Нејмар и Меси, денеска во дресот на ПСЖ ќе се појават на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ на реванш-мечот со Реал Мадрид во 1 /8 финалето во Лигата на шампионите.
Бидејќи Аргентинецот и Бразилецот се враќаат на добро позната локација на која ги играле популарните мечеви наречени – „Ел Класико“, јасно е дека кај нив има посебни емоции.
„За мене и Лео ќе биде посебен меч поради тоа што ги доживеавме во Барселона. Финалето во Лигата на шампионите ќе биде во Париз. Тоа ни дава дополнителна мотивација“ – потенцираше Нејмар.