Бразилецот Нејмар заработи повреда и предвреме го напушти теренот на мечот против Истанбул Башакшехир, а оваа повреда на препоните ќе го оддалечи од терените во наредниот период.
Фудбалерот на ПСЖ синоќа помина дополнителни прегледите и потоа беше објавено дека ќе мора да паузира до репрезентативната пауза која е планирана за средината од ноември. Тоа значи дека Немар ќе пропушти само три натпревари. Тој нема да биде дел од тимот на ПСЖ за средбите со Нанти Рен во првенството на Франција, како и на мечот со РБ Лајпциг во ЛШ.
Аналитичарите пресметале дека откако пристигна во Париз пред три години, Нејмар досега пропуштил 64 натпревари за својата екипа поради разни повреди, а периодично бил надвор од конкуренција цела една година.

