Бразилскиот фудбалер, Нејмар, нема да биде пријавен за вториот дел од сезоната во Саудиска Арабија, потврди тренерот на Ал Хилал, Жорге Жесус.
Брзоногиот голгетер кој поголем период беше надвор од терените поради повреда, веројатно ќе го напушти тимот во наредниот период.
За неговите услуги е заинтересиран составот на Интер Мајами од МЛС Лигата во САД.

