Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар ќе мора да ја санира својата повреда во наредните 4 недели, пренесува ТФ1.
Претходно денес, напаѓачот на ПСЖ беше подложен на преглед на магнетна резонанца, што покажа истегнување во левата нога. Ова значи дека Бразилецот нема да игра на следните шест натпревари против Ница, Бриж (двапати), Олимпик Марсеј, Дижон и Брест.
Нејмар се повреди за време на контролниот натпревар на Бразил против Нигерија пред неколку дена одигран во Сингапур.
