Првата ѕвезда на Бразил, Нејмар, вчера со гол с еврати во дресот на „кариоките“ на СП по повредата која ја заработи уште на првиот меч со Србија.
Моќниот Бразил се пласираше во четвртфиналето каде ќе се сретне со Хрватска.
„Плачев цела ноќ по повредата на глуждот. Бев многу исплашен, бидејќи навистина верував во себе по добриот почеток на сезоната. Да се повредиш така, беше многу болно. Вредеше да се остане до 11 часот наредниот ден кај физиотерапевтот и секој ден потоа“, вели Нејмар.
По вчерашната победа Нејмар излезе со порака и за кралот на фудбалот Пеле, чија здравствена состојба не е најдобра.
„Да се надеваме дека ќе продолжиме да танцуваме до финалето. Му испраќаме голема прегратка на Пеле. Да се надеваме дека брзо ќе се опорави“, додаде Нејмар.