Бразилскиот напаѓач во Ал-Хилал, Нејмар, поради болки во стомакот, го пропушти тренингот на саудискиот тим.
Фудбалерот му се приклучи на Ал-Хилал во август во 2023 година а неговиот договор е активен до наредното лето.
Трансферната вредност на 32-годишниот напаѓач се проценува на 16 милиони евра. Претходно се појавија информации дека за Нејмар се заинтересирани екипи од САД.

