Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар проговори за повредата што ја доби на мечот од францускиот шампионат со Лион (0:1).
Да потсетиме, бразилскиот фудбалер го напушти теренот во солзи и на носила. Подоцна, на Нејмар му беше дијагностициран истегнување на зглобот.
„Овие солзи беа предизвикани од болка, безнадежност, страв, вознемиреност, операција, патерици и други лоши спомени … Можеше да биде полошо, но Бог повторно ме спаси од нешто сериозно. Време е да се подобриме за да се вратиме што е можно побрзо“, напиша Нејмар на својата страница на Инстаграм.
ПСЖ го претрпе вториот пораз на последните пет натпревари. Претходно ПСЖ загуби од Монако со резултат 2:3. Сега Парижаните со 28 бода се наоѓаат на третото место на табелата.

