Бразилскиот напаѓач, Нејмар, кој веројатно ќе си замине од екипата на Ал-Хилал, ги посочи најдобрите пет голмани во историјата на фудбалот.
„На списокот би ги вклучил Виктор Валдез, Клаудио Тафарел, Хулио Цезар, Дида и Маркос“, изјави Нејмар.
Брзоногиот фудбалер сака да го раскине договорот со екипата од Саудиска Арабија и да се врати во матичниот состав, Сантош. Тој во сезонава се појави на само два меча откако имаше подолга пауза поради повреда.

