Бразилскиот напаѓач Нејмар синоќа беше во дресот на „кариките“ за квалификацискиот меч за СП 2022 со Колумбија (0:0), но повторно имаше очаен настап, Тој синоќа имаше дури 15 неточни додавања за 90 минути на теренот.
Ова е антирекорд за напаѓачот на ПСЖ во квалификациските натпревари. Во исто време, Нејмар не постигна гол од ефективна акција на трет натпревар по ред на сите турнири, што зборува за неговата моментална форма.