Бразилската ѕвезда од екипата на ПСЖ, Нејмар пристигна во Ријад на лекарски прегледи, а потоа на потпис на договор со Ал Хилал.
Светските медиуми пренесуваат дека бразилскиот фудбалер ќе потпише двегодишен договор со Ал Хилал без опција за продолжување на соработката.
Најдоцна во следните 48 часа тој треба да биде претставен како ново засилување на клубот од Ријад.
Некои британски и бразилски медиуми наведоа дека Нејмар ќе добие 320 милиони евра за двегодишен договор, а ПСЖ ќе добие отштета од 100 милиони евра. Сепак, оваа информација не е официјално потврдена.