Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, имаше голем пех в пресрет на Купот на Јужна Америка бидејќи се повреди на вчерашниот пријателски меч со Катар кој му припадна на неговиот тим со 2-0 со головите на Ричарлисон и Габриел Жесус.
Фудбалерот на „кариоките“ кој поради повреда на стапалото го пропушти финишот во изминатата сезона, сега повторно заработи посериозна повреда и мораше да биде повлечен од теренот по само дваесет минути игра.
Нејмар не можеше да издржи и заплака на клупата а потоа со помош на лекарскиот тим беше однесен во соблекувалната.