Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар најверојатно ќе може да учествува во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид .
Според RMC Sport, Бразилецот треба да биде вклучен во составот на ПСЖ за натпреварот против Реал Мадрид. Во саботата напаѓачот добро тренираше, а денеска треба да работи со сите фудбалери на редовниот тренинг.