Ким Клајстерс која подолг период нема активности на тениските терени, нема да патува на Отвореното првенство на Австралија иако доби покана од страна на организаторот.
Белгијката која во 2011 година успеа го подигне победничкиот пехар на терените во Мелбурн, очигледно не е подготвена да се врати во професионалните води ниту во почетокот на новата сезона.
Првиот Грен Слем во 2021 година ќе стартува на 8. Февруари и ќе се реализира под посебни ригорозни протоколи за заштита од Ковид-19 и без присуство на публика.
