Некогашниот фудбалски репрезентативец на Норвешка, Јон Арне Рисе, кој има преку 110 настапи во националниот дрес, јавно го критикуваше Ерлинг Холанд откако Скандинавците загубија од Турција со 3-0.
Според некогашниот играч на Ливерпул, напаѓачот на Борусија Дортмунд, не покажува никакви емоции и желба за победа како што тоа го прави со неговиот клуб.
„Тој добива толку многу пофалби за прикажаното во Дортмунд, но, ние не гледаме ништо од тоа во националниот тим. Целиот натпревар против Турција беше големо разочарување. Не можеше да биде полошо” – потенцираше Рисе.

