Легендарниот италијански фудбалер, Бобо Виери, проценува дека Интер може да победи на теренот на Јувентус во дерби мечот на 15. коло во Серија „А“. Двата тима ќе се сретнат в петок во Торино.
„Нема фаворит бидејќи тоа е дерби меч. Интер може да го победи Јувентус во таков меч, се надевам дека тоа ќе се случи“ – нагласи Виери во интервју за „Газета“ . Тој исто така направи паралела на еден од поранешните состави на „старата дама“ со сегашниот предводен од Кристијано Роналдо.
„Сега имаме силен Јувентус, но, мислам дека не е најдобриот во историјата. Мислам дека тимот со Тардели, Платини, Џентиле и Бониек беше најсилниот“ – изјави Виери.