Тренерот на Ливерул, Јирген Клоп и неговиот колега на клупата на Баерн Минхен, Нико Ковач, се соочуваат со многу проблеми пред денешниот меч во првата фаза на елиминации во Лигата на фудбалските шампиони.
Менаџерот на „црвените“ ќе ги нема на располагање: Вирџил ван Дајк, Џо Гомез, Алекс Окслејд-Чемберлен и Роберто Фирмињо. Неизвесни се Дејан Ловрен и Џердан Шаќири. Во Баерн ситуацијата исто така не е розова. Со повреди се соочуваат: Ариен Робен, Боатенг и Коен додека Томас Милер е казнет.
Се претпоставува дека во првите 11 за Ливерпул ќе ги видиме: Алисон, Александар-Арнолд, Фабињо, Матип, Робертсон, Хендерсон, Милнер, Винјалдум, Салах, Мане и Стариџ. На спротивниот дел од теренот во првата постава треба да бидат: Нојер, Кимих, Зуле, Хумелс, Алаба, Горецка, Тиаго, Гнабри, Хамес, Рибери, Левандовски. Мечот во Англија ќе го судија Италијанецот, Роки.