Четири европски клубови се заинтересирани за офанзивниот играч на Реал Мадрид Хамес Родригез, кој има договор за позајмица со Баерн Минхен за уште една сезона.
Баварците имаат опција да го купат колумбискиот репрезентативец за 42 милиони евра и по се изгледа дека ќе го сторат тоа со цел да може играчот да ја задржи добрата форма и да мисли само за настапите во овој клуб. Сепак, германскиот шампион сеуште постигнал таков договор, и токму тоа им дава шанса на неколку други клубови да влезат во трка по Хамес Родригез.
Според одредени извори големи апетити кон Хамес имаат Јувентус, Наполи, Челзи и Арсенал, но евентуалната зделка треба да помине само со согласност на баварците. Неодамна се зборуваше дека Хамес побарал челниците на Баерн да го вратат на Реал Мадрид, каде што неговиот „кошмар“ Зинедин Зидан ја напушти клупата со оставка.