Искусниот фудбалер Антонио Кандрева по четири сезони минати во тимот на Интер заминува во правец на Сампдорија, објави новинарот, Ди Марцио.
33-годишниот фудбалер ќе донесе 2,5 милиони евра во касата на „нероаѕурите“ а тој самиот ќе биде обврзан со договор на четири сезони. Тоа значи дека Кандрева може да остане во редовите на Сампдорија до неговиот 37-ми роденден.
Во исто време Интер е близу до разделба и со Андреа Ранокија, кој има понуда од Џенова. Во меѓувреме, младиот играч за врска на екипата од Милано, Лусиен Агум, се пресели на позајмица во нисколигашот Специја.

