Мануел Нојер, Леон Горецка, Алфонсо Дејвис и Корентин Толисо се уште не се подготвени за настап и ќе бидат надвор од комбинација во Баерн Минхен за саботниот натпревар против Баер Леверкузен. Ова денеска го соопшти тренерот на баварскиот тим Јулијан Нагелсман. Голманот Нојер продолжи со тренинзите една недела по операцијата на коленото.
„Во ред е, се е според план, но тој нема да биде опција за сабота“, изјави Нагелсман на прес-конференција.
„Нашата цел е да играме во Лигата на шампионите против Ред Бул (Салцбург) во вторник, но ќе видиме дали тоа е разумно. Леон Горецка имаше проблеми со коленото. Добро напредува и повеќе нема болки“, изјави тренерот.
Но, германскиот репрезентативец ќе продолжи со тренинзите за една или две недели. Леон Горецка и Корентин Толисо се опоравува од кинење на мускулот и првпат трчаа во четвртокот. Вестите за Алфонсо Дејвис, кој боледува од миокардитис, се прилично добри. Сепак, тој нема да игра наскоро. Мора да се врати во форма, а за тоа ќе биде потребно време. Добрата вест е дека Томас Милер, кој се опорави од КОВИД-19, и Никлас Зуле, кој се опоравува од болки во грбот, се подготвени за натпреварот.