Фудбалската репрезентација на Германија ќе допатува во Скопје без првиот голман Мануекл Нојер кој не се појави ниту на денешниот тренинг на „панцирите“.
Чуварот на мрежата на Баерн Минхен е во процес на рехабилитација а селекторот, Ханси Флик, како негова замена го повика Даниел Хојер од второлигашот Хамбургер. Бидејќи Марк Андре Тер Штеген бранеше на мечот против Романија, сосема е реално да биде и стартер против Македонија. Тоа значи дека Бернд Лено од Арсенал ќе остане на клупата.
Пред осмата рунда во квалификациите за Мундуијалот, Германија има 18 бодови пред Македонија и Ерменија со 12.