Премиер лигата и англиската фудбалска лига ги одложија натпреварите за овој викенд по смртта на кралицата Елизабета Втора.
Земјата сега е во состојба на национална жалост. Во соопштението, Премиер лигата вели:
„На состанокот утринава, клубовите од Премиер лигата и оддадоа почит на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. За да го почитуваме нејзиниот извонреден живот и придонес за нацијата, и како знак на почит, натпреварите од Премиер лигата овој викенд ќе бидат одложени, вклучувајќи го и натпреварот во понеделник вечер“.