Ден откако Интер постигна начелен договор со Челзи за позајмица на Ромелу Лукаку, почна да работи и на трансферот на Пауло Дибала. Сепак, тамуне е постигнат напредок во преговорите, откако неговиот агент не сакал да ја намали сумата на неговите барања за аргентинскиот фудбалер да потпише договор со „нероаѕурите“.
Некои извори во Италија потврдија дека Интер ги прекина разговорите со Дибала за да го финализира договорот за Лукаку, но веќе закажале состанок со неговиот агент, Хорхе Антун, за наредните денови.

