Натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е прекинат уште во 9. минута поради хаосот кој го приредија навивачите на Шкупи веднаш откако гостите поведоа со голот на Дашмир Елези.
Играчот на тетовци по постигнатиот погодок испрати провокации кон навивачката трибина на Шкупи по што неколку домашни фанови влетаа на теренот и предизвика целосен хаос.
Веднаш реагираше полицијата која успеа да ја стави целата ситуација под контрола а натпреварот беше прекинат. Чаирчани сега ќе очекуваат казна од ФФМ додека Шканедија со администартивна одлука треба да продолжи во наредната рунда.