Шпанската агенција за здравствена заштита за спорт направи ненадејна посета на спортскиот центар на Барселона, објавија од „Камп Ноу“.
Шест играчи на Барселона требаше да дадат крв и урина: Серџи Роберто, Нелсон Семедо, Томас Вермален, Денис Суарез, Рафиња Алкантара и Малколм.
Тоа беше вест од денешниот тренинг на каталонците, заедно со фактот дека Луис Суарез целосна ги извршувал обврските на тренингот. Уругвајскиот интернационалец помина низ обемни прегледи поради болката во коленото и беше откриено дека нема повреда. З
начи напаѓачот е во ред и ќе бид ево комбинација за натпреварот со Валенсија на „Местаља“.