Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли најверојатно ќе добие суспензија од седум месеци поради учество во обложувачкиот скандал. 22-годишниот играч од средниот ред е вмешан во тековниот скандал со обложување во Италија, каде неколку играчи се обложувале дури и на своите натпревари.
Сепак, „Газета дело Спорт“, Фаџоли иако се претпоставуваше дека може да добие поблага казна, бидејќи не уплаќал на натпреварите на својот тим, сепак, ќе биде казнет од седум месеци поради кршење на правилата за обложување.
Медиумите пишуваат дека недостига само официјално соопштение, бидејќи агентите и обвинителот веќе донеле одлука.