Фудбалерот на Наполи, Дејвид Нерес, по победата против Парма во Серија „А“, имал кошмарно враќање во хотелот во кој престојува.
Бразилецот со сопругата и нивното дете, биле нападнати од бандити на мотор. Тие го скршиле прозорецот од нивниот автомобил и со пиштол ги принудиле да застанат. На крајот крадците му украле часовник „Ролекс“ на Нерес. Тоа се случило во близина на стадионот „Диего Марадона“.
Ќе потсетиме дека Нерес во текот на летото ја напушти Бенфика и се пресели во Италија.

