Челниците на фудбалскиот состав Интер имаат намера да понуди нов договор на Марцело Брозович за да го задржат во клубот. Тековниот на интернационалецот од Хрватска е до летото во 2022 година.
Според весникот –„Тутопорт“, екипата од Милано планира да му понуди договор за уште една година со зголемување на платата. Интер посакува договорот да биде потпишан пред крајот на јуни. Причина за тоа е што Брозовиќ има одредена клаузула која стапува на сила во јули. Според неа, тој може да го напушти клубот за сума од 60 милиони евра.
Во меѓувреме, тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, нагласи дека Брозовиќ е дел од неговите долгорочни планови.