Првите луѓе на фудбалскиот состав Интер сакаат да го ангажираат дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ.
Договорот на 24-годишниот интернационалец ќе истече во наредното лето а сумата што ја бараат „виолетовите“ не е голема. Српскиот репрезентативец во претходната сезона во сите конкуренции одигра 39 натпревари и постигна 3 гола за тимот од Фиренца.
Миленковиќ воедно се наоѓа и на радарот на Милан и Јувентус.