Уругвајскиот фудбалски интернационалец, Единсон Кавани, може да се врати во Серија А бидејќи за неговиот потпис е заинтересиран Интер кој го планира како идеална замена за Лаутаро Мартинез.
Доколку Аргентинецот го облече дресот на Барселона и се пресели на „Камп Ноу“, неговото место на стадионот – „Џузепе Меаца“ би можел да го пополни токму Кавани кој претходно има настапувано за калчо-лигашите, Наполи и Палермо.
Во меѓу време се појави веста дека Пари Сен Жермен ќе му понуди на голгетерот нов двегодишен договор, но, дека тој нема намера да го прифати.