Интер започна преговори за двајца играчи на Сасуоло – напаѓачот, Џанлука Скамака и Давиде Фратези кој дејствува во средината на теренот, пишува денеска – „Газета дело Спорт“.
Според наведеното, двајцата во јануарскиот преоден рок се главните трансфер цели на италијанскиот шампион. „Нероаѕурите“ поради финансиски потешкотии сакаат првo да ги ангажираат на позајмица а потоа да им ги откупат правата.
Скамака за италијанската репрезентација има 16 натпревари и 5 голови. Неговата цена е 40 милиони евра. Фратези нема одредена цена. Тој во сезонава во сите конкуренции одигра 17 натпревари и постигна 3 гола.

