Доколку Интер обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона, тогаш ќе го купи младиот фудбалер на Бриж, Тајон Букенан.
Трансферот за сума од 15 милиони евра е условен со пласманот во елитата, најавија денеска дел од медиумите. 24-годишниот фудбалер игра по страничните позиции но, може да се користи и на двете страни од теренот.
Репрезентативецот на Канада со одличните партии на Светското првенство во Катар го привлече вниманието на италијанскиот тим.