Италијанските медиуми објавија дека нашиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски, може да си замине од екипата на Удинезе на крајот на сезоната, но, дека има шанси да остане на „Чизмата“.
Нашиот фудбалер по банкротот на Палермо се определи да потпише за Удинезе, но, не ги исполни очекувањата на раководните гарнитури.
Сега медиумита на Апенините пишуваат дека Несторовски може да добие понуда да го облече дресот на Кротоне доколку екипата успее да се пласира во Серија „А“ за наредната сезона.