Нашиот фудбалски интернационалец, Илија Несторовски, може да го напушти Удинезе во текот на зимскиот траснфер период и да се пресели во редовите на Лече.
Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот кој во меѓу време ја санираше повредата, има реални шанси да заигра за второлигашот кој се бори за влез во Серија „А“.
Нестровски наводно, се наоѓа и на списокот за трансфери на Монца и Парма.
