Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски вчера ги поминал деталните лекарски прегледи по повредата која ја заработи на мечот со Читадела, по што стана јасно дека повредата е од втор степен и ќе мора најмалку еден месец да биде надвор од фудбалските терени.
Од клубот објавија дека на направената магнетна резонанца се забележува лезија на дел на тетивата на десната нога. Тоа практично значи дека Несторовски најмалку 30 дена ќе биде на рехабилитација. Тој уште вчера почнал со првите третмани.