Најдобриот стрелец и капитен на Палермо, Илија Несторовски се повреди во дуелот кој неговата екипа го играше на гостински терен кај Цитадела, а заврши нерешено и без голови 0-0.
На шест кола пред крајот на Серија Б, Несторовски ќе мора да паузира најмалку еден месец, со што навивачите на оваа екипа имаат причина за загриженост. Несторовски го напушти теренот по половина час игра, а неговата екипа до крајот не успеа да постигне гол.
Според одредени информации кои ги даде тренерот на екипата, се работи за повреда на бутниот мускул која мора да се санира со мирување од околу еден месец. Ова значи дека Несторовски би можел евентуално да се врати во игра доколку неговата екипа игра во плеј-офот за пласман во Серија А бидејќи ќе имаат тешка задача да се најдат меѓу првите две екипи кои обезбедуваат директен пласман во италијанската елита.
Секако ова е причина и за загриженост во нашата репрезентација бидејќи Несторовски е првиот избор во нападот на селекторот Ангеловски, а од есен не очекуваат натпревари од Лигата на нации.