Тренерот на ФК Копенхаген, Јакоб Неструп, вели дека потежок противник во осминафиналето од Лигата на шампионите не можеа да добијат.
„Ова е најтешкиот од сите можни. Манчестер Сити е тим кој брилјира колективно и има одлични, индивидуално фантастични играчи. Најдобриот клуб во светот. Меѓутоа, минатата година покажавме дека можеме да постигнеме добар резултат против нив на домашен терен“ – вели Неструп.
„ Се работи за искористување на можностите што ќе ги имаме. Ако успееме да најдеме начин како да ги реализираме нашите шанси, се е можно“, вели Неструп.

