Бразилскиот голман, Нето, го продолжи договорот со англискиот клуб. „Црешите“ ќе го задржат капитенот до летото во 2026 година.
Тој во сезонава одигра 18 мечеви а на четири од нив не прими гол. 33-годишниот искусен голман играше и за Валенсија, Јувентус и Фиорентина.
Неговиот тим се наоѓа на претпоследното место на табелата и до крајот на сезоната ќе се бори да обезбеди опстанок во Премиер лигата