Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс беше стрелец на мечот против Дуизбург во натпреварот од првото коло на германскиот Куп (5:0), а тоа го стори само три секунди откако влез ево игра, со што постави рекорд во ова натпреварување според овој показател.
Ројс погоди во 57-та минута. Рекордот претходно го држеше францускиот напаѓач во редовите на Хофенхајм, Ентони Модесте, кој постигна гол на домашен натпревар против Ајнтрахт Франкфурт во 2014 година во второто коло од германскиот куп 12 секунди по влегувањето на теренот.
Марко Ројс се врати од повреда и погоди за прв пат од февруари 2020 година. Играчот игра во Борусија Дортмунд од 2012 година, со трансфер од Борусија Менхенгладбах. Во последното германско првенство тој одигра 19 натпревари и постигна 11 голови.

