33-годишниот Кристијано Роналдо со вчерашните два гола на мечот со Јуве постави нови рекорди во Лигата на шампионите. Португалецот е единствениот кој има реализација на 10 последователни натпревари.
„СР7“ е исто така играч со најмногу поогодоци во 1/4 финалната фаза или вкупно – 22. Роналдо со 119 голови е рекордер во Лигата на шампионите. Играчот на „кралевите“ погоди против Јуве по само 2:47 минути што е негов најбрз гол во елитата. Тој е убедливо најпрецизниот фудбалер меѓу првите 5 европски шампиони.
Роналдо кој го очекува 150-от меч на турнирот, полека се доближува до неговиот рекорд за најмногу голови во една сезона. Тој има постигнато 14 голови а за да го изедначи рекордот од сезоната 2013/14 му требаат уште три погодока.