Градските фудбалски ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, може да започнат нова битка на трансфер-пазарот која најверојатно ќе добие на интензитет во почетокот на јануари во 2019 година.
Двата тима се заинтересирани за играчот на е Вулверхемптон, Рубен Невес, кој се проценува на околу 60 милиони фунти. 21-годишниот фудбалер започна одлично во новата сезона и се претвори во клучна фигура во составот на тренерот, Еспирито Санто.
Невес кој потекнува од школата на Порто, пред една година ги одби понудите на Челзи и на Ливерпул и се определи да потпише за Вулверхемптон. Неговиот тековен договор е валиден до 2020 година.