Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, вели дека Арсенал кој има осум бодови предност пред Манчестер сити во битката за титулата, нема да заврши ниту втор во Премиер лигата.
„Знам дека ќе ги налутам навивачите на Арсенал но, нивниот тим нема да ја освои лигата, туку тоа ќе го направи Манчестер Сити додека Јунајтед ќе биде втор“ – вели Невил.
„Топџиите“ по 18 кола имаат 47 бодови и го држат првото место на табелата. Сити е втор со 39 додека Њукасл и Јунајтед имаат по 38 бодови. Тотенхем заостанува во трката за титулата. „Спарси“ се на 5 место со 33 бода.